Повик за практиканти

Пракса
Повик за практиканти

🎯 Целна група: млади лица до 29 години со минимум средно образование 📍 Локација: Канцеларија во Прилеп ⏳ Времетраење на практикантството: 3 месеци 👥 Број на практиканти: 2

Услови:
- Средно образование во траење од 4 години со која било (општа) средна стручна подготовка
- Познавање на англиски јазик
- Основно познавање на компјутери и Microsoft Office
Практикантите ќе имаат можност да стекнат практично искуство во:
- комуникација со организации и институции
- работа со млади
- развој на аналитички способности
- подготовка на писма и планови за работа
- организирање и евалуација на едукативни активности
- вештини за анализа на податоци
Заинтересираните кандидати може да се информираат и да аплицираат со доставување на потребна документација на [email protected] најдоцна до 04.09.2026 година
Подели членак: