Повик за волонтери

Повик за волонтери

Проект: Социјална инклузија за лица со попреченост

🔹 За што станува збор?
„Социјална инклузија за лица со попреченост“ е краткорочен волонтерски проект кој ќе се реализира од 01.06.2026 до 01.07.2026, поддржан од Европскиот солидарен корпус (ESC) и финансиран од Националната агенција за европски образовни мобилности – Северна Македонија. 🤝🌍

Бараме меѓународни европски волонтери кои ќе се приклучат на нашиот тим!

🔹 Што ќе правиме?
• Организирање работилници и културни активности за млади и возрасни лица со попреченост ♿️✨
• Поддршка во развој на меки вештини (комуникација, тимска работа, креативност) 🗣️🤜🤛
• Поттикнување самостојно живеење преку практични секојдневни активности 🏠👏
• Поттикнување интеркултурно учење и размена на искуства со волонтери од цела Европа 🎨🌐
• Учество на локални настани во заедницата и промоција на социјалната инклузија 📢❤️
• Поддршка на креативни и терапевтски активности во станбени единици и Центарот за работна терапија 🎭🎶

🔹 Кого бараме?
• Млади лица (18–30 години) мотивирани и подготвени за учење 🎓👐
• Основни комуникациски вештини на англиски јазик 🌐
• Отвореност за тимска работа и интеркултурно учење 🤝🌍
• Интерес за младинска работа, инклузија, креативни активности и неформално образование 📚🎨
• Позитивен став, емпатија и желба за поддршка на лица со попреченост ❤️
• Особено се охрабруваат меѓународни европски волонтери да аплицираат!

🔹 Што добиваш?
• Бесплатно сместување и месечен надомест 🏨💸
• Поддршка за храна за време на проектот 🍽️
• Обука и менторство за работа во инклузивна средина 🎓🤝
• Меѓународно искуство и Youthpass сертификат од Европскиот солидарен корпус 🏅🌟
• Нови пријателства, незаборавни искуства и можност да придонесеш кон поинклузивно општество ❤️

🔹 Како да аплицираш?

Испрати кратко мотивациско писмо + CV (или кратка биографија) на ✉️ [email protected]

Во subject на мејлот напиши:
Application – Volunteer – Social Inclusion for People with Disabilities

Избраните кандидати ќе бидат контактирани за кратко онлајн интервју 🎤✅

ℹ️ За дополнителни информации, контактирајте нѐ на [email protected].

Подели членак: