Пракса: Бизнис аналитичар
Постојано сме во потрага по амбициозни и талентирани личности кои сакаат да ги унапредат своите кариерни можности и да работат на меѓународни проекти. Во моментов бараме практикант – Бизнис аналитичар, кој ќе има можност да стане дел од нашиот тим за функционален консалтинг. Работата со нас значи учество во проекти за меѓународни клиенти, пријателска работна средина и тим од соништата со култура на споделување знаење!
Што нудиме
- Финансиски надомест
- Менторство и можности за обука
- Вредно практично искуство преку работни активности
- Вмрежување со професионалци од областа
- Присуство на networking и социјални настани
- Тим од соништата со култура на споделување знаење
- Пријателска работна средина
Потребни вештини
- Диплома или последна година на студии по Сметководство, Финансии, Е-бизнис, Машинско инженерство или сродна област
- Напредно познавање на MS Excel
- Одлични логички и аналитички способности
- Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик
- Внимание на детали, организираност и одговорност во однос на рокови
- Одлични писмени вештини и способност за ефективна комуникација
- Ориентираност кон цели и посветеност на постигнување резултати, индивидуално и како дел од тим
Одговорности
- Помош при анализа на бизнис цели, задачи и потреби
- Поддршка при решавање бизнис проблеми користејќи системи и податоци
- Помош при планирање и дизајнирање на бизнис процеси и давање препораки за подобрување
- Учење и следење на новитети поврзани со технологии и услуги во нашата област
Активен до 06.03.2026
Целиот оглас тука