Пракса во секторот за Човечки ресурси

Пракса
Пракса во секторот за Човечки ресурси

Либерти АД Скопје е член на GFG Алијансата, глобална групација на независни бизниси со фокус на природни ресурси, обновлива енергија и производство на челик. Либерти АД Скопје е еден од најголемите производители на челик на Балканот и нуди производи за градежната и општата индустрија. Како општествено одговорна компанија, постојано се стремиме да го поттикнеме развојот на младите кадри преку практикантска програма во различни области. Во таа насока, Либерти АД Скопје нуди пракса на менторски принцип во Сектор за човечки ресурси и правни работи - со фокус на анализа на трошоци за вработени, подготовка на буџети и изработка на HR извештаи.

Времетраење на праксата: 3 месеци

Придобивки:

- Практично учење и развој на професионални вештини во динамична и професионална работна средина

- Стекнување практично искуство во меѓународна индустриска компанија и запознавање со корпоративни процеси

- Обезбедени трошоци за храна за време на праксата

Профил на кандидати

Програмата е наменета за студенти кои:

- поседуваат добри комуникациски вештини и изразена желба за учење

- се проактивни и мотивирани за професионален развој

- се насочени кон постигнување резултати и прифаќаат нови предизвици

- се достапни за редовна пракса (40 часа неделно)

Аплицирај

Подели членак: