Практикант во сектор за квалитет
Компанија: Adient Seating Локација: Штип Рок за аплицирање: 13.11.2026 Започнете ја вашата кариера со Adient Seating Штип Adient е еден од најголемите светски добавувачи на автомобилски седишта, со повеќе од 70.000 вработени на над 200 локации ширум светот. Во Adient Seating Штип се произведуваат различни типови навлаки за автомобилски седишта за водечките брендови во автомобилската индустрија. Доколку сакате да стекнете практично искуство во интернационална компанија, да учите од искусни професионалци и да ги развивате своите вештини во областа на квалитетот, ве покануваме да сепридружите на нашиот тим на позицијата
Практикант во сектор за квалитет
Потребни квалификации:
- Добри организациски и комуникациски вештини.
- Одговорност, иницијативност и желба за учење.
- Познавање на MS Office пакетот.
- Добри интерперсонални и комуникациски способности.
- Напредно познавање на англиски јазик.
- Способност за работа во тим.
Работни задачи:
- Административна поддршка и работа со документација.
- Учество во тековни проекти на секторот за квалитет.
- Поддршка во организација и следење на активности поврзани со квалитетот.
- Соработка со останатите сектори во рамките на компанијата.
- Стекнување практични знаења и искуство во реална работна средина.
Што нуди Adient?
- Пријатна и мотивирачка работна средина според светски стандарди.
- Можност за учење, професионален развој и стекнување практично искуство.
- Тренинзи и обуки за личен и професионален напредок.
- Редовни примања и атрактивен пакет на бенефиции.
- Обезбеден оброк и превоз.
- Високи стандарди за здравје и безбедност при работа.
- Осигурување од незгода и тешки болести.
- Физиотерапевтски услуги во фабриката.
- Превентивни здравствени прегледи.
- Организирани спортски активности.
- Програми за патувања и дружење.