Практикант за човечки ресурси
Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, во секторот Човечки ресурси има потреба од: ПРАКТИКАНТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Главни одговорности:
- Административни работи поврзани со документација од работен однос
- Ажурирање на податоци и евиденции за вработените
- Помош при изработка на извештаи
- Комуникација со вработени
- Помош при организација на настани и обуки
Потребни квалификации:
- Високо образование – Право, Економија, Психологија или сродна област – дипломиран/а или во завршна фаза на студии
- Да не е во работен однос
- Возраст – до 34 години
- Познавање на Англиски Јазик
- Познавање на Microsoft Office (Word, Excel)
Нудиме:
- Платен надоместок согласно Закон за практикантство
- Обезбеден оброк со избор од понудено мени
- Менторирање и можност за стекнување искуство во интернационална бизнис средина
- Работа со најсовремени системи и дигитални алатки
- Можност за вработување по успешно завршување на праксата
Времетраење на практикантството: 6 месеци
Работно време: 8 часа дневно од 08:00 до 16:00 (понеделник до петок)