Практикант за финансии
Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, во секторот Финансии има потреба од: ПРАКТИКАНТ ЗА ФИНАНСИИ
Главни одговорности:
- Административни работи поврзани со документација од сметководство
- Ажурирање на податоци и евиденции во систем
- Помош при изработка на извештаи
- Внесување на фактури и останати сметководствени операции
Потребни квалификации:
- Високо образование – Економија, Бизнис Администрација – дипломиран/а или во завршна фаза на студии
- Да не е во работен однос
- Возраст – до 34 години
- Познавање на Англиски Јазик
- Познавање на Microsoft Office (Word, Excel)
Нудиме:
- Платен надоместок согласно Закон за практикантство
- Обезбеден оброк со избор од понудено мени
- Менторирање и можност за стекнување искуство во интернационална бизнис средина
- Работа со најсовремени системи и дигитални алатки
- Можност за вработување по успешно завршување на праксата
Времетраење на практикантството: 6 месеци
Работно време: 8 часа дневно од 08:00 до 16:00 (понеделник до петок)