Придружи се на тимот на Гоу Грин! Вработуваме: Менаџер/ка за финансии и комуникации

Работа
Придружи се на тимот на Гоу Грин! Вработуваме: Менаџер/ка за финансии и комуникации

Локација: Скопје Работно време: Полно работно време Гоу Грин е граѓанска организација која повеќе од 15 години активно работи на заштита на животната средина, одржлив развој, младинско учество и развој на локалните заедници. Веруваме дека вистинските промени започнуваат со луѓе кои имаат идеи, преземаат иницијатива и се посветени на создавање позитивни општествени промени. Доколку бараш динамична работна средина, разновидни предизвици и можност твоето знаење и вештини да имаат директно влијание врз заедницата, те покануваме да станеш дел од нашиот тим!

Опис на работната позиција

Како Менаџер/ка за финансии и комуникации, ќе бидеш одговорен/а за обезбедување ефикасно административно и финансиско функционирање на организацијата, координација на човечките ресурси, развој и спроведување на комуникациски активности, како и развој на волонтерската и членската мрежа на Гоу Грин.

Твои одговорности

Финансии и администрација

  • Подготовка на квартални и годишни финансиски извештаи.
  • Следење на финансиските трансакции и проектните буџети.
  • Водење, организирање и архивирање на финансиска и административна документација.
  • Поддршка при ревизии и обезбедување усогласеност со донаторските и законските барања.
  • Координација на секојдневните административни процеси.

Човечки ресурси

  • Организирање и координација на постапки за вработување, практикантство и волонтирање.
  • Подготовка и објавување повици за нови членови на тимот.
  • Организирање интервјуа и процес на воведување на нововработени.
  • Развивање и унапредување на интерни политики, процедури и работни процеси.

Комуникации

  • Управување со социјалните медиуми, веб-страницата и билтените на организацијата.
  • Подготовка на промотивни, информативни и комуникациски содржини.
  • Развивање и спроведување комуникациски и маркетинг активности.
  • Воспоставување и одржување партнерства со медиуми, компании и потенцијални спонзори.

Волонтери и членство

  • Регрутирање, координација и менторирање на волонтери.
  • Организирање обуки и волонтерски активности.
  • Поддршка на проектите кои вклучуваат волонтерски ангажман.
  • Развој, одржување и ажурирање на членската база на организацијата.

Правна и организациска поддршка

  • Подготовка и управување со организациска и правна документација.
  • Поддршка при подготовка на извештаи, анализи и други официјални документи.
  • Следење на административните и законските обврски на организацијата.

Што очекуваме од тебе?

  • Високо образование.
  • Одлични организациски и комуникациски способности.
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик.
  • Познавање на Microsoft Office и Google Workspace.
  • Способност за самостојно организирање на работата и управување со повеќе процеси истовремено.
  • Одговорност, иницијативност и внимание на детали.
  • Искуство во граѓанскиот сектор ќе се смета за предност.

Индикатори за успешност

  • Навремено подготвени квартални и годишни финансиски извештаи.
  • Целосна усогласеност со ревизорските и донаторските барања.
  • Уредно и ажурно водена финансиска и административна документација.
  • Воспоставени и функционални HR процедури.
  • Најмалку три објави неделно на социјалните медиуми.
  • Најмалку 20% зголемување на досегот и ангажманот на дигиталните канали.
  • Најмалку две нови партнерства или спонзорства годишно.
  • Најмалку две реализирани кампањи за јавна видливост.
  • Активна база од најмалку 20 волонтери.
  • Организирани најмалку три волонтерски обуки годишно.
  • Зголемување на членската база за најмалку 15%.

Што нудиме?

  • Работа во динамичен и посветен тим.
  • Можност за професионален развој и учество на домашни и меѓународни обуки.
  • Учество во проекти финансирани од Европската Унија и други меѓународни донатори.
  • Работна средина која ја поттикнува иницијативата, креативноста и тимската работа.
  • Можност активно да придонесуваш кон создавање поодржливи и поинклузивни заедници.

Како да се пријавиш?

Заинтересираните кандидати/ки треба да испратат:

  • Кратка биографија (CV);
  • Мотивациско писмо.

Апликациите испратете ги на: [email protected]

Конкурсот е отворен до 5 август!

Стани дел од Гоу Грин и придонеси во создавањето на поодржлива, поактивна и позелена иднина! 

Целиот повик тука

Подели членак: