Продавач на пола работно време
Бренд: Pandora Локација: Тетово Рок за аплицирање: 20.11.2026
Придружете се на светски познатиот бренд Pandora
Pandora е еден од најпрепознатливите светски брендови за накит, присутен во повеќе од 100 земји ширум светот. Со повеќедецениска традиција во дизајн, производство и продажба на висококвалитетен накит, Pandora нуди уникатно искуство за своите купувачи и одлични можности за професионален развој.
Поради проширување на обемот на работа, СФ1 КЛИПС ДООЕЛ Скопје бара мотивирана и посветена личност за позицијата:
Продавач на пола работно време (Shop Assistant Part Time)
Ваши одговорности:
- Обезбедување професионална и врвна услуга за клиентите.
- Претставување и продажба на производите на брендот Pandora.
- Познавање на производите, колекциите и вредностите на брендот.
- Постигнување на дневни, неделни и месечни продажни цели.
- Точно и навремено извршување на финансиски трансакции.
- Учество во попис и контрола на залихите.
- Одржување на уреден и атрактивен продажен простор.
- Тимска работа и придонес кон позитивно искуство на секој купувач.
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование.
- Најмалку една година работно искуство во продажба или услуги.
- Предност ќе имаат кандидати со искуство во продажба на накит, модни додатоци или луксузни производи.
- Одлични комуникациски и продажни вештини.
- Професионален и одговорен пристап кон работата.
- Познавање на англиски или албански јазик ќе се смета за предност.
Што нудиме:
- Професионална обука според стандардите на брендот Pandora.
- Стабилни примања со можност за дополнителни бонуси согласно остварени резултати.
- Можност за долгорочен ангажман и кариерен развој.
- Работа во пријатна и динамична работна средина.
- Поддршка од професионален и мотивиран тим.
- Дополнителен слободен ден за роденден.