Продажен Персонал - Штип

Работа
Продажен Персонал - Штип

Компанија: Sara Fashion Локација: Штип, Štip City Mall Рок за аплицирање: 15.11.2026 Придружете се на тимот на Sara Fashion! Sara Fashion веќе 27 години успешно расте и гради тим од мотивирани и посветени луѓе. Доколку сте комуникативна личност, сакате работа со клиенти и барате можност за професионален развој, ве покануваме да станете дел од нашиот тим во продажниот салон во Štip City Mall.

Кого бараме?

  • Комуникативна и позитивна личност
  • Тимски играч со желба за учење и напредок
  • Одговорен и професионален пристап кон работата
  • Претходно искуство во продажба е предност, но не е задолжително
  • Подготвеност за работа во динамична и мотивирачка средина

Работни задачи

  • Обезбедување професионална услуга и грижа за купувачите
  • Презентација и продажба на производите
  • Учество во секојдневните активности на продавницата
  • Одржување на уреден и атрактивен продажен простор
  • Работа во тим и придонес кон постигнување на заедничките цели

Што нудиме?

  • Позитивна и мотивирачка работна атмосфера
  • Обука и менторска поддршка без разлика на претходното искуство
  • Можност за професионален раст и напредување
  • Јасно дефинирани работни задачи и фер однос
  • Солиден бонус систем и наградување на успешноста

Бенефиции

  • 13-та и 14-та плата
  • Вредносни ваучери
  • Бонуси за препорака
  • Награди и подароци
  • Дополнителни стимулации согласно остварените резултати

Зошто Sara Fashion?

Создаваме работна средина каде што трудот се вреднува, знаењето се споделува, а успехот се гради тимски. Со визија, менторска поддршка и реални можности за напредок, овозможуваме стабилна кариера и јасна перспектива за развој.

Аплицирајте и станете дел од успешната приказна на Sara Fashion!

Подели членак: