Продажна советничка во парфимерија - Куманово
Компанија: МАРТИМЕХ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје Локација: Куманово Рок за пријавување: 13.11.2026 Број на извршители: 2 Станете дел од светот на убавината! Доколку сте комуникативна, организирана и продажно ориентирана личност со интерес за парфеми, козметика и beauty производи, ве покануваме да се придружите на нашиот тим во Куманово. Бараме продажна советничка која ќе им помогне на купувачите да го пронајдат вистинскиот производ, ќе обезбеди врвно корисничко искуство и ќе придонесе кон успехот на нашата парфимерија.
Вашите работни задачи
- Советување на купувачите и продажба на парфеми, козметика и beauty производи
- Активна презентација и промоција на производите и брендовите
- Следење на продажните резултати и остварување на поставените цели
- Контрола на залихите, тестерите и промотивните материјали
- Нарачување и прием на роба
- Правилно изложување и означување на производите и цените
- Работа со сметки, наплата и дневен пазар
- Водење на потребната малопродажна документација
- Учество во инвентури и контрола на состојбата на залихите
- Грижа за уредноста, чистотата и атрактивниот изглед на продажниот простор
- Учество на едукации и тренинзи за производите и продажните техники
Потребни квалификации
- ССС или ВСС
- Претходно искуство во малопродажба е предност, особено во парфимерија, козметика или beauty индустрија
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Познавање на парфеми, козметика и производи за лична нега
- Активно познавање на англиски јазик
- Познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Outlook) и работа со малопродажни системи
- Организираност, одговорност и прецизност во работењето
- Ориентираност кон купувачите и постигнување резултати
Што нудиме?
- Работа во модерна и новоотворена парфимерија
- Стабилно вработување во компанија која континуирано расте
- Конкурентна плата и стимулативен систем на наградување
- Континуирани обуки и професионален развој
- Работа со познати меѓународни beauty и парфемски брендови
- Можност за кариерен напредок
- Динамична работна средина и тимска поддршка
- Дополнителни бенефиции за вработените во Martimex
Зошто да нѐ изберете?
Ние веруваме дека успехот се гради преку знаење, посветеност и одлична услуга кон купувачите. Затоа инвестираме во развојот на нашите вработени и создаваме средина во која секој може да напредува и да ги надградува своите професионални вештини.