Продажни агенти - Скопје

Работа
Продажни агенти - Скопје

СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје е дел од меѓународната групација Studio Moderna и една од водечките компании за мултиканална продажба на производи за домот, здравјето, удобноста и секојдневниот живот. Со повеќе од 25 години успешно работење на македонскиот пазар, компанијата им нуди на своите потрошувачи иновативни и висококвалитетни решенија преку своите малопродажни објекти, онлајн продажба и кол-центар. Во своето портфолио ги вклучува препознатливите брендови Dormeo, Delimano, Rovus, Wellneo, Walkmaxx и Top Shop, кои нудат производи што придонесуваат за поквалитетен, поздрав и поудобен живот. Како работодавач, СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје гради динамична работна средина, ги поттикнува професионалниот развој, тимската работа и ориентираноста кон клиентите, овозможувајќи им на своите вработени можности за напредок и континуирано усовршување.

Придружи ни се во Студио Модерна – компанијата зад добро познатите брендови Dormeo, Delimano, Top Shop и уште многу други производи што се дел од секојдневието на нашите клиенти.

Поради проширување на тимот, бараме ПРОДАЖНИ АГЕНТИ – СКОПЈЕ кои сакаат да учат, да постигнуваат резултати и да заработуваат според својот учинок.

Што ќе биде твојата улога?

- Комуникација со постоечки клиенти и препознавање на нивните потреби

- Презентација на производи и реализација на продажба

- Градење доверба и одржување долгорочни односи со клиентите

- Работа кон поставени цели и остварување резултати

Што добиваш од нас?

- Фиксна плата + бонуси според остварениот учинок

- Можност за заработка од 50.000 денари и повеќе

- Платен минат труд

- Дупла дневница за работа во недела и на празник

- Целосно платена обука – претходно искуство не е потребно

- Можности за професионален развој и напредување

- Работа во стабилна и долгогодишна компанија

- Поддршка од искусен тим кој ќе ти помогне да ги развиеш своите вештини

Кого бараме?

- Комуникативни и позитивни личности

- Амбициозни кандидати кои сакаат да постигнуваат резултати

- Тимски играчи со желба за учење и напредување

- Луѓе кои се подготвени да прифатат предизвик и да се развиваат

Не мора да имаш искуство во продажба – важно е да имаш желба да научиш!

Ако се препознаваш во оваа можност, испрати го своето CV со клик на АПЛИЦИРАЈ.

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Аплицирај на линкот

Подели членак: