PRODUCTION PROCESS ENGINEER ВО DRÄXLMAIER

Работа
PRODUCTION PROCESS ENGINEER ВО DRÄXLMAIER

Компанијата DRÄXLMAIER, глобален производител на автомобилски компоненти и системи за жици и ентериери за возила, објавува оглас за работната позиција Production Process Engineer во својот погон во Кавадарци.

Работни задачи:

  • Балансирање и оптимизација на производните линии и работното оптоварување на работниците;
  • Дефинирање и оптимизација на циклусите и времето на производство;
  • Спроведување студии за времето и дефинирање производни норми;
  • Анализа на искористеноста на работната сила, распоредот на производните линии, оперативните податоци, производните планови и трошоците;
  • Планирање, примена и анализа на помошни алатки за производните линии;
  • Преглед на материјалните листи и соработка во процесите на управување со промени;
  • Оптимизација на ергономијата на работните места и континуирано подобрување на производните процеси;
  • Соработка со други релевантни оддели.

Потребен профил:

  • Завршено високо образование од техничка област;
  • Способност за анализа на комплексни производни податоци и предлагање промени за зголемување на ефикасноста и безбедноста;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавањето на германски јазик ќе се смета за предност;
  • Работно искуство во автомобилската индустрија ќе се смета за предност;
  • Добро познавање на MS Office пакетот;
  • Развиени аналитички способности и вештини за решавање проблеми;
  • Самоиницијативност и креативност.

📍 Локација: Кавадарци
📅 Рок за пријавување: 27 септември 2026 година

Како да се пријавите?

Заинтересираните кандидати можат да испратат CV на англиски јазик на е-mail адресата [email protected], со наслов на пораката „Production process engineer“.

Доколку имате техничко образование, аналитички пристап и интерес за работа во автомобилската индустрија, ова може да биде можност за развој на вашата кариера во меѓународна компанија.

Целиот оглас тука

Подели членак: