Развиј ја својата еко-социјална бизнис идеја во Германија!
Локација: Gut Herzershof, Бранденбург, Германија Организации: PEWOBE gemeinnützige soziale Betreuungsgesellschaft mbH и THINKCAMP GEM eG Времетраење: 3 недели Програма: Европски корпус за солидарност (ESC)
За проектот
Имаш идеја за бизнис кој може да придонесе за подобра заедница и поздрава животна средина? Сакаш да научиш како да развиеш одржливи и општествено одговорни претприемачки концепти?
„Synergetic Entrepreneurship – Living Laboratory“ е тринеделна програма која се одржува во Gut Herzershof, во природна средина во регионот Бранденбург, Германија, на околу 90 километри источно од Берлин.
Програмата е наменета за млади кои сакаат да истражуваат нови модели на претприемништво, личен развој и заедничко живеење. Преку практични активности, дискусии, работилници и размена на искуства, ќе имаш можност да развиеш сопствена идеја за еко-социјално претприемништво и да ја претвориш во конкретен концепт или прототип.
Што ќе научиш и работиш?
Во текот на трите недели ќе имаш можност да:
- Истражуваш како претприемништвото може да создава позитивни промени за заедницата, луѓето и природата;
- Развиваш сопствени еко-социјални претприемачки идеи и концепти;
- Работиш на создавање прототипи и практични решенија;
- Учиш за одржливо живеење, соработка и заедничко донесување одлуки;
- Развиваш вештини за комуникација, управување со конфликти и преземање заедничка одговорност;
- Практикуваш внимателност, саморефлексија и балансирање на индивидуалните и колективните потреби;
- Разменуваш идеи и искуства со млади од различни земји.
Како ќе изгледа секојдневието?
Програмата се одвива во Gut Herzershof – издвоена локација опкружена со природа, каде што учењето и заедничкото живеење се тесно поврзани.
Учесниците заедно ќе ги организираат секојдневните активности, ќе подготвуваат оброци, ќе се грижат за заедничките простории и ќе преземаат одговорности во рамките на заедницата.
Овој пристап овозможува практично учење за соработка, солидарност, заедничка одговорност и донесување одлуки.
Поддршка и учење
Во текот на програмата ќе бидеш поддржан/а од искусен фасилитатор кој ќе го насочува процесот на учење и ќе обезбедува алатки за развој на твоите идеи.
Посебен акцент се става на учењето од врсници (peer-to-peer learning), што значи дека учесниците ќе учат едни од други, ќе споделуваат искуства, ќе даваат повратни информации и заеднички ќе работат на подобрување на своите концепти.
Кој може да аплицира?
Оваа можност е наменета за млади кои имаат силна мотивација да развијат сопствена идеја или концепт за еко-социјално претприемништво.
Посебно се охрабруваат млади кои:
- Се заинтересирани за претприемништво, иновации и одржлив развој;
- Сакаат да развиваат идеи кои имаат позитивно влијание врз општеството и животната средина;
- Имаат интерес за личен развој и саморефлексија;
- Сакаат да учат преку практично искуство и експериментирање;
- Се отворени за заедничко живеење, тимска работа и соработка;
- Се подготвени активно да учествуваат во секојдневните обврски на заедницата;
- Можат да комуницираат на англиски и/или германски јазик.
Не е важно дали веќе имаш развиен бизнис или конкретен проект – најважни се мотивацијата, желбата за учење и подготвеноста да работиш на сопствена идеја.
Сместување и патни трошоци
- Сместување: Обезбедено во Gut Herzershof, заедно со останатите учесници;
- Храна: Оброците се организираат и подготвуваат заеднички од учесниците;
- Патни трошоци: Се надоместуваат согласно правилата на Европскиот корпус за солидарност (ESC).
Повеќе види овде