Референт за продажба во Нептун
Сакаш да работиш во динамична и мотивирачка средина, да ги развиваш своите комуникациски и продажни вештини и да станеш дел од успешен тим? НЕПТУН МАКЕДОНИЈА отвора можност за вработување на позицијата Референт за продажба во Дебар. Нептун Македонија е водечки малопродажен и дистрибутивен бренд во земјата, со широка понуда на производи од областа на белата техника, апаратите за домаќинство, ТВ и аудио-видео опремата, компјутерите, телефоните, играчките и други производи. Како дел од тимот на Neptun, ќе имаш можност да учиш, да ги развиваш своите способности и да придонесеш кон остварување на заедничките цели. Работна позиција: Референт за продажба Локација: Дебар
Кого бара компанијата?
Идеалниот кандидат треба да биде услужлив, искрен, насмеан и со позитивен став, со изразен тимски дух и желба за професионален развој.
Потребни се следните вештини и компетенции:
- Добро познавање на техниката и постојано следење на новостите и трендовите во индустријата;
- Способност за препознавање на потребите на купувачите и успешно претставување на производите;
- Развиени комуникациски и продажни вештини;
- Придонесување кон позитивно искуство и задоволство кај купувачите;
- Способност за решавање проблеми и справување со различни типови купувачи;
- Желба за споделување знаења и заедничко постигнување успех со колегите;
- Познавање на македонскиот и албанскиот јазик;
- Познавање на MS Office.
Што нуди НЕПТУН МАКЕДОНИЈА?
Компанијата нуди можност за работа во позитивна и поддржувачка работна средина, со бројни придобивки за своите вработени:
- Култура на почит, отвореност, заемна поддршка и тимска работа;
- Продуктни обуки од врвни производители на техничка опрема;
- Обуки за развивање продажни техники и вештини;
- Менторство и поддршка од искусни колеги;
- Тим билдинг активности;
- Плата и бонуси кои зависат од успешноста;
- Пакет на бенефиции;
- Инсентив програми и квартални награди за најуспешните;
- Континуирано учење и професионален развој;
- Работно време во смени – 40 часа неделно.
Дополнителни бенефиции вклучуваат купување производи по повластени цени, слободен ден за роденден, јубилејни награди, бесплатна наБргу картичка, награди за најдобри вработени и можности за континуиран развој и напредување.
Како да аплицираш?
Доколку сакаш да станеш дел од големо регионално семејство, да ги искористиш своите потенцијали и да ги надминеш сопствените очекувања, НЕПТУН МАКЕДОНИЈА те поканува да се приклучиш на нивниот тим!