Советник - Социјален Работник

Работа
Советник - Социјален Работник

СОС ДЕТСКО СЕЛО Пријава до: 20. 09. 2026. Локација на работа: Струмица

Доколку сте социјален работник со срце и желба да придонесувате во заедницата, сакате работа која има вистинско значење и во која можете директно да влијаете врз животот на децата и семејствата – ова може да биде вистинската позиција за вас.


Бараме мотивирана и посветена личност која ќе се приклучи на нашиот тим во Струмица и ќе работи директно со семејства во ризик – ќе ги слуша и разбира нивните потреби, ќе им помогне да ги препознаат сопствените ресурси и заедно со нив ќе работи кон подобра и посигурна иднина за нивните деца.

 

КЛУЧНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Работа со корисници – спроведување интервјуа и проценка на социо-економскиот статус, изработка на социјална анамнеза и еко-мапа за семејствата вклучени во програмата
  • Поддршка на семејствата – помош при остварување права и пристап до услуги за семејства во социјален ризик
  • Советување – спроведување индивидуални и групни советувања за родителски компетенции, позитивно родителство, комуникациски вештини и семејна функционалност
  • Организирани активности – планирање и спроведување заеднички активности за родители и деца
  • Институционална соработка – соработка со Центрите за социјална работа, институции и граѓански организации

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Образование – Високо образование од областа на социјална работа
  • Регулатива – Познавање на законска регулатива за социјална заштита и семејство
  • Искуство – Kреирање и спроведување на обуки
  • Стручност – Напредно познавања за детските права
  • Јазик и компјутери – Познавање на англиски јазик и работа со MS Office
  • Мобилност – Возачка дозвола и активно возачко искуство

ЛИЧНИ ВЕШТИНИ:

  • Тимски дух и желба за соработка
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Проактивен пристап кон работата
  • Емпатија и способност за градење доверба

ШТО НУДИМЕ:

  • Работа во меѓународна хуманитарна организација со јасна мисија и вредности
  • Континуирани обуки и можности за професионален и личен развој
  • Пријатна работна атмосфера и тимбилдинг активности
  • 1 ден во неделата работа од дома
  • Работа со чувство на исполнетост, затоа што секој ден правите разлика во животот на некое дете
  • Проектна позиција со договор на определено време од 1 година, со можност за продолжување до завршување на проектот (април 2029 година)

АПЛИЦИРАЈ

Подели членак: