Стекни искуство во културата, неформалното образование и работата со локалната заедница

Стекни искуство во културата, неформалното образование и работата со локалната заедница

Во рамки на Европскиот корпус на солидарноста, се отвора можност за еден волонтер да помине долгорочен волонтерски престој во Íllora, мала и живописна општина во провинцијата Гранада, Шпанија. Проектот ќе трае од 2 октомври 2026 до 12 август 2027 година, плус денови за патување.

🎭 Што ќе работиш?

Волонтерот ќе биде вклучен во разновидни културни, образовни и социјални активности во локалната заедница.

Активностите може да вклучуваат:

  • организација и реализација на книжевни промоции;
  • театарски претстави;
  • работилници и предавања;
  • изложби и културни настани;
  • организирани посети на локалниот замок;
  • различни иницијативи за локалната заедница;
  • активности насочени кон вклучување на младите во животот на заедницата.

Волонтерот ќе помага и при пречек на учесници, логистика и организација на настани, како и при креирање комуникациски материјали.

Доколку те интересира фотографија и видео, ќе имаш можност да помогнеш и во документирање на активностите преку фотографии и видеа.

Се очекува волонтерот да споделува свои идеи и да придонесува кон создавање активности кои ќе ги мотивираат локалните жители, особено младите, поактивно да се вклучат во заедницата.

🏡 Сместување и финансиска поддршка

Волонтерот ќе живее во куќа во Íllora, опремена со сè што е потребно за секојдневниот живот.

Ќе има своја спална соба, со можност во одреден период собата да се споделува најмногу 4 недели во текот на годината. Кујната, дневната соба и бањите ќе бидат заеднички.

Волонтерот ќе добива месечен износ за храна, која самостојно ќе ја организира и подготвува.

За секојдневното извршување на задачите нема да биде потребен превоз, бидејќи Íllora е мала и до потребните локации може да се стигне пеш.

Патните трошоци ќе бидат покриени согласно правилата на Европскиот корпус на солидарноста и предвидениот износ според дистанцата.

📚 Обука и поддршка

Не е потребно претходно специфично образование или обука. Искуството во работа со луѓе и познавањето на шпанскиот јазик се предност, но не се задолжителни.

Во текот на проектот волонтерот ќе добие практична подготовка за активностите, како и можност да го изучува шпанскиот јазик.

Ќе има можност и за:

  • on-arrival обука;
  • учество во циклусот на обуки за волонтери;
  • среднорочна евалуација, доколку се применува;
  • дополнителна поддршка од организацијата.

🌱 Кого бараме?

Оваа можност е идеална за млад човек кој е:

  • мотивиран, проактивен и отворен кон нови искуства;
  • комуникативен и заинтересиран за работа со луѓе;
  • креативен и подготвен да предлага свои идеи;
  • способен да работи самостојно, но и во тим;
  • заинтересиран за култура, неформално образование и активно учество во заедницата;
  • флексибилен и подготвен за различни видови активности;
  • емпатичен и почитува различности.

Претходното искуство не е најважно – многу повеќе се вреднуваат позитивниот став, желбата за учење и подготвеноста да се придонесе во локалната заедница.

🌄 Живот во мала шпанска заедница

Проектот се реализира во Íllora – мало место во јужна Шпанија, па кандидатите треба да бидат подготвени за порурален начин на живот.

Ова е одлична можност за оние кои сакаат да го запознаат локалниот живот во Шпанија одблизу, да учествуваат во активности со локалното население и да создадат вистински врски со заедницата.

📅 Период

2 октомври 2026 – 12 август 2027

  • денови за патување

👤 Број на волонтери: 1

📩 Како да аплицираш?

Доколку си заинтересиран/а за оваа можност АПЛИЦИРАЈ ТУКА

Подели членак: