Стручен соработник за агентска мрежа во сектор маркетинг и агентска мрежа
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – лидер на пазарот на пензиското осигурување во Република Северна Македонија, препознатливо по своите етички принципи, висока стручност, професионалност и транспарентност во работењето, има потреба од вработување на лице на позицијата стручен соработник за агентска мрежа во Сектор маркетинг и агентска мрежа. Работното време е 40 работни часа, секој работен ден од понеделник до петок. Висината на платата и останатите услови се предмет на договор.
Опис на работните обврски:
- Планирање, координација, развој и следење на реализацијата на агентската и продажната мрежа;
- Учество во креирање, тестирање и имплементација на системски решенија и предлози за унапредување на наградувањето и мотивацијата на агентите;
- Подготовка и анализа на извештаи и презентации за остварените резултати од работењето на агентите и продажните мрежи, како и база на податоци за потенцијални клиенти;
- Подготовка и административна обработка на потребната документација, како и обезбедување континуирана техничка и административна поддршка на стручните соработници за продажба и агентите на Друштвото, како и навремено и квалитетно обезбедување административна поддршка на членовите на пензиските фондови;
- Извршување административни активности поврзани со кандидати за агенти, вклучувајќи и водење на постапките за упис и регистрација, како и исплата;
- Ажурирање и одржување на веб-страницата со информации поврзани со агентската и продажната мрежа;
- Организација и координација на почетни и редовни годишни обуки за агенти, како и обезбедување континуирана едукација, стручна поддршка и помош во нивната работа;
- Спроведување контрола на работата на агентите и директна контрола на продажните места, со цел обезбедување усогласеност со интерните процедури и стандарди;
- Учество во подготовката и изработка на законски маркетинг и активности за дистрибуција на рекламните материјали и законските маркетинг-материјали;
Потребни квалификации:
- Високо образование (општествена, економска, правна или др. насока);
- Да поседува возачка дозвола Б категорија.
Потребно е кандидатот да поседува:
- Претходно искуство во продажни активности и/или претходно искуство во финансиски институции ќе се смета за предност;
- Позитивен став, проактивност, самоиницијативност и доверливост;
- Комуникациски вештини – говорни и писмени;
- Познавање на MS Office;
- Лична одговорност и интегритет;
- Подготвеност за учење и професионално усовршување.
За вршење работи од областа на маркетингот за пензиските фондови, потребна е лиценца што ја издава Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, за што кандидатите треба да полагаат испит за агент за вршење работи на маркетинг и продажба на задолжително и доброволно капитално пензиско осигурување.
Кандидатите кои ќе бидат избрани, Друштвото дополнително ќе ги информира за начинот и условите за полагање испит за агент.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. Друштвото го задржува правото да не ангажира ниту еден кандидат од пријавените на конкурсот.
За дополнителни прашања, можете да стапите во директен контакт со КБ Прво пензиско друштво на следнава електронска адреса: [email protected] или на тел.: 02/3243-777.
Друштвото Ви нуди флексибилна и пријатна работна средина, како и можност за дополнителна обука и професионална надградба.
Доколку сте подготвени да ја креирате Вашата иднина денес, Ве охрабруваме да се приклучите во нашиот тим. Вашата биографија ја очекуваме на следнава електронска адреса: [email protected] најдоцна до 01.08.2026.
Целиот оглас тука