Техничар за телекомуникациска мрежа

Работа
Техничар за телекомуникациска мрежа

Компанија: A1 Македонија ДООЕЛ Скопје Локација: Кочани Рок за аплицирање: 30.11.2026 Придружете се на тимот на A1 Македонија A1 Македонија е еден од водечките телекомуникациски оператори во земјата, кој континуирано инвестира во развој на современи технологии, дигитална трансформација и врвно корисничко искуство. Доколку сте технички ориентирана личност и сакате кариера во областа на телекомуникациите, ве покануваме да станете дел од нашиот тим на позицијата:

Техничар за телекомуникациска мрежа

Работни задачи и одговорности:

  • Инсталирање и пуштање во употреба на телекомуникациски сервиси (Fiber, DOCSIS и LAN).
  • Решавање на технички барања и интервенции поврзани со фиксната мрежа.
  • Мерење и следење на телекомуникациски параметри на мрежата.
  • Грижа за алатите, опремата и материјалите потребни за работа.
  • Подготовка на извештаи за извршените активности.
  • Детектирање и пријавување на проблеми при инсталација и монтажа.
  • Почитување на безбедносни процедури и стандарди при работа.
  • Обезбедување висок квалитет на услуга и одлично корисничко искуство.

Потребни квалификации:

  • Средно стручно образование од електротехничка насока или сродна област.
  • Работно искуство во телекомуникации ќе се смета за предност.
  • Искуство со нискострујни инсталации (камери, алармни и безбедносни системи) ќе се смета за предност.
  • Познавање на мерни инструменти и алати.
  • Подготвеност за работа на висина.
  • Возачка дозвола Б категорија.
  • Одговорен и професионален пристап кон работата.
  • Способност за самостојна и тимска работа.

Што нуди A1 Македонија?

  • Приватно здравствено осигурување.
  • A1 Flexi програма за дополнителни бенефиции.
  • Попусти на услуги и производи за вработени.
  • Модерна работна средина и современа опрема.
  • Програми за професионален развој и континуирани обуки.
  • Компанијски мобилен телефон со можност за приватна употреба.
  • Флексибилен и агилен начин на работа.
  • Спортски активности и тимски настани.
  • Можност за долгорочен кариерен развој во една од најуспешните телекомуникациски компании во земјата.

Аплицирај тука

Подели членак: