ТИТАН УСЈЕ нуди платена практикантска работа

Пракса
ТИТАН УСЈЕ нуди платена практикантска работа

ТИТАН УСЈЕ АД СКОПЈЕ, ТИТАН ГРУПА ангажира практикант/ка за платена практикантска работа на позиција КОМУНИКАЦИИ И ДИГИТАЛЕН ДИЗАЈНЕР Придружете се на тимот на ТИТАН УСЈЕ, водечка компанија во цементната индустрија, посветена на извонредност во производството и одржливоста. Нашата компанија е фокусирана на производство на висококвалитетни производи, истовремено минимизирајќи го влијанието врз животната средина. Како дел од развојот на нашите активности, бараме мотивиран/а и креативен/на практикант/ка за комуникации и дигитален дизајн, кој/а ќе се приклучи на нашиот динамичен тим.

Што ќе работиш?

Како дел од тимот на ТИТАН УСЈЕ, ќе имаш можност да учествуваш во:

  • креирање содржини за социјални медиуми, веб-страници и други дигитални канали;
  • реализација на интерни и екстерни комуникациски активности;
  • организација на корпоративни настани, работилници, кампањи и промотивни активности;
  • планирање, објавување и следење на содржини на социјалните медиуми;
  • подготовка и ажурирање на презентации, комуникациски и промотивни материјали;
  • активности поврзани со employer branding и корпоративната репутација.

Кого бараме?

Од кандидатите очекуваме:

  • високо образование во областа на комуникации, маркетинг, односи со јавност, новинарство, бизнис администрација или сродна област;
  • интерес и/или искуство во комуникации, маркетинг, PR, CSR или организација на настани;
  • познавање на социјалните медиуми;
  • познавање на Canva или Adobe Creative Suite ќе се смета за предност;
  • одлично познавање на англиски јазик;
  • познавање на Microsoft Office.

Особено ги цениме креативноста, иницијативноста, вниманието на детали и одличните комуникациски вештини.

Што нуди ТИТАН УСЈЕ?

  • Платена практикантска работа;
  • Бесплатен ручек во работните денови;
  • можност за стекнување практично искуство и нови знаења;
  • работа во позитивна и поттикнувачка професионална средина;
  • можност за развој на комуникациски, дигитални и организациски вештини.

Како да аплицираш?

Доколку оваа можност ти звучи интересно, испрати ги твоите:

CV и мотивациско писмо на англиски јазик

преку онлајн формуларот на веб-страницата на ТИТАН УСЈЕ, во делот Career / Join Us.

Аплицирај преку: www.usje.mk

ТИТАН УСЈЕ е посветен на обезбедување еднакви можности за сите кандидати. Сите апликации ќе бидат разгледани со највисоко ниво на доверливост.

Подели членак: