ТИТАН УСЈЕ вработува машински инженер
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата ТИТАН УСЈЕ АД Скопје дел од ГРУПАЦИЈА ТИТАН објавува оглас за вработување на Машински инженер во одржување
Компанијата обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување и други бенефиции, како бонус за успешно работење.
Квалификации:
• ВСС/VII степен образование, Машински факултет
• Работно искуство од 2 години во одржување ќе се смета како предност
• Искуство во работа со SAP ќе се смета за предност
• Одлично познавање на МS Office
• Одлично познавање на англиски јазик
Конкурентски предности:
- Безбедносно однесување
- Техничка експертиза
- Превентивно, предвидливо, проактивно одржување
- Планирање и организирање
- Флексибилност и адаптибилност во тимското работење
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование
o Атрактивен пакет за наградување и бенефиции, вклучувајќи: o Стимулации и бонуси
o Бенефиции за благосостојба: приватно здравствено осигурување, бесплатни спортски активности, бесплатен оброк, бесплатни правни и финансиски консултации o Максимален износ на регрес за годишен одмор o Родителски и семејни бенефиции o Можности за развој на кариера и обука o Позитивна работна средина.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено.
ТИТАН УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.