ТИТАН УСЈЕ вработува машински техничари
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата ТИТАН УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН објавува оглас за вработување на Машински техничари во Одделение за машинско одржување
Квалификации на кандидатите:
ССС/IV степен на стручна подготовка, машински техничар
Работно искуство во одржување од најмалку 2 години ќе се смета за предност Лиценца за заварување и користење вилушкар, ќе се смета за предност
Конкурентски предности на кандидатите
Желба за работа во динамична средина
Комуникативност
Физичка подготвеност
Отворен како личност
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Аплицирањето може да се врши на веб страницата на ТИТАН УСЈЕ https://www.usje.mk во делот „Кариера/Придружете ни се“ или на mail: [email protected] или да достават CV во архива во просториите на ТИТАН УСЈЕ.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.