ТИТАН УСЈЕ вработува референт за набавки
Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата ТИТАН УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН објавува оглас за вработување на Референт за набавки
Квалификации:
• ВСС/VII степен образование
• Претходно релевантно работно искуство ќе се смета за предност
• Одлично познавање на МS Office
• Одлично познавање на англиски јазик
Конкурентски предности:
• Високо ниво на деловна комуникација (усна и писмена)
• Високо ниво на интегритет и доверливост
• Познавање на SAP или сличен ERP софтвер
• Одлични аналитички способности, решавање проблеми
• Тимска работа и кооперативност
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределeно.
ТИТАН УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.