Волонтер за социјални медиуми и креативна комуникација – Полска
12-месечна волонтерска можност преку Европскиот солидарен корпус Креативен/на си, сакаш социјални медиуми, фотографија и дизајн и сакаш твоите идеи да станат дел од реални активности со млади и деца? Организацијата бара волонтер/ка кој/а ќе помогне во креирање содржини и управување со социјалните медиуми, како и во реализација на активности во заедницата. Во моментов се реализираат две иницијативи: Centrum Aktywności Obywatelskiej и Center for the Integration of Foreigners, во кои волонтерот ќе биде активно вклучен во комуникациските и програмските активности.
Твои задачи
📱 Социјални медиуми
- Подготовка на Instagram и Facebook stories и reels;
- Креирање содржини за социјалните медиуми;
- Развивање на присуството на организацијата на TikTok;
- Пишување текстови, блогови и social media captions.
📸 Фото и видео
- Фотографирање и снимање видеа за време на настани и активности;
- Креирање визуелни содржини согласно правилата за заштита на личните податоци.
🎨 Графички дизајн
- Креирање постери и промотивни материјали;
- Работа со Canva и Figma.
👥 Работа со деца и млади
- Поддршка во активности со деца;
- Учество во тимски активности и настани;
- Промовирање на ESC и волонтерските можности на јавни настани.
📋 Организација и логистика
- Подготовка на настани, регистрација и техничка поставеност;
- Насочување и информирање на учесниците;
- Помош при поставување и расчистување по настаните;
- Собирање повратни информации од учесниците согласно правилата за заштита на личните податоци.
🎯 Кого бараат?
Волонтер/ка кој/а е:
- креативен/на и љубопитен/на;
- заинтересиран/а за социјални медиуми, дизајн или фотографија;
- подготвен/а за тимска работа, но и за преземање иницијатива;
- отворен/а за работа со деца, млади и возрасни;
- заинтересиран/а за нови искуства, култури и авантури.
🏠 Сместување и финансиска поддршка
- Сместување во заеднички стан со други волонтери;
- Опција за 2 лица во стан со 2 соби или 3 лица во поголем стан со 2 соби;
- Џепарлак и надомест за храна од околу 11 евра дневно, исплатени во полски злоти;
- Трошоците за патување од твојот град се рефундираат преку програмата.
📚 Обуки и можности за развој
Во рамки на ESC искуството ќе учествуваш на On-Arrival Training и Mid-Term Training, кои ќе ти помогнат да ги развиеш своите вештини и да го следиш личниот и професионалниот напредок.
Ќе имаш можност да се приклучиш и на Erasmus+ проекти, со што можеш дополнително да ги развиеш своите компетенции и да стекнеш меѓународно искуство.
Дополнително, достапен е и курс по полски јазик, покрај OLS платформата.
🎨 Креативна задача пред аплицирање
Како прв чекор, организаторите бараат да испратиш пример-постер за годишниот проект „Global Village“ – настан на кој 10 волонтери од различни земји ги претставуваат своите култури преку работилници за деца.
📩 Пред аплицирање, испрати:
- твое име и презиме;
- земја;
- назив на ESC понудата;
- пример од твое портфолио – постер и видео.
Материјалите испрати ги преку WhatsApp на +48 606 629 700.
Ако сакаш да ги споиш креативноста, социјалните медиуми, работата со луѓе и меѓународното искуство – оваа 12-месечна ESC можност може да биде токму за тебе! 🌍💙