Волонтерска можност во Литванија
Станете дел од Европскиот корпус на солидарноста и поминете волонтерско искуство во Raseiniai, Литванија! Raseiniai Technology and Business School е стручно образовен центар во срцето на Литванија, каде учениците се образуваат во различни области, меѓу кои готвење, сметководство, медицинска нега и механика. Во рамки на волонтерскиот проект, учесниците ќе имаат можност да работат со млади, да помагаат во наставата и при организација на различни активности и настани, да поддржуваат ученици со посебни потреби и да ја споделуваат својата култура и искуства.
👥 Кого бараме?
Можноста е наменета за млади од 18 до 30 години кои се:
- мотивирани и одговорни;
- креативни, комуникативни и трпеливи;
- отворени за работа со млади;
- заинтересирани за култура, спорт, уметност и неформално образование;
- подготвени да преземаат иницијатива и да учествуваат во креирање и спроведување активности;
- заинтересирани за поддршка на млади лица, вклучително и млади со попреченост.
Познавањето на англиски и/или руски јазик е предност.
🏠 Што е обезбедено?
Волонтерите ќе бидат сместени во студентски дом при училиштето, при што секој волонтер ќе има своја приватна соба. На располагање ќе има заедничка опремена кујна, трпезарија и санитарни простории.
Проектот ги покрива трошоците за:
- сместување;
- храна;
- патување;
- животни трошоци поврзани со волонтерскиот престој.
Волонтерите дополнително добиваат месечен џепарлак и средства за храна.
📚 Обуки и поддршка
Пред заминувањето, учесниците ќе поминат подготовка во матичната земја. По пристигнувањето во Литванија следуваат on-arrival и mid-term обуки, со фокус на волонтерското искуство, личниот развој и Youthpass сертификатот.
Во текот на проектот, волонтерите ќе имаат можност да ја запознаат литванската култура и традиции, како и да развиваат практични вештини за организирање и спроведување активности за млади.
🌿 За Raseiniai
Raseiniai е мал, зелен и пријатен град опкружен со природа и богато културно наследство. Волонтерите ќе имаат можност да учествуваат во локални настани, да ги запознаат литванските традиции и да уживаат во активности на отворено.
Ова е можност за стекнување нови знаења и пријателства, развивање лични и професионални вештини и активно придонесување во локалната заедница.
Ако имаш 18–30 години, си мотивиран/а за работа со млади и сакаш да стекнеш меѓународно волонтерско искуство – оваа можност е за тебе! 🇱🇹💙
Повеќе информации за проектот тука