Волонтерска можност во Шпанија
Долгорочна волонтерска можност во Íllora, во провинцијата Гранада! Дали сакаш да поминеш речиси една година во Шпанија, да работиш со деца, да стекнеш нови искуства и да живееш во мала и автентична шпанска заедница? Оваа можност во рамки на Европскиот корпус на солидарноста можеби е токму за тебе! Проектот ќе се реализира од 2 октомври 2026 до 4 септември 2027 година, плус денови за патување, и е наменет за тројца волонтери.
👩🏫 Што ќе работиш?
Главниот дел од волонтерскиот ангажман ќе се одвива во основното училиште во Íllora. Волонтерите ќе:
- помагаат во наставата и училишните активности;
- организираат активности за време на одморите;
- учествуваат во организација на посебни настани;
- поддржуваат различни активности за деца.
Во зависност од интересите на волонтерите, ќе има можности за вклучување и во локалната библиотека, спортски активности и различни здруженија.
За време на училишните распусти, волонтерите ќе помагаат во активности организирани во локалната заедница.
🏡 Сместување и финансиска поддршка
Волонтерите ќе живеат во куќа во Íllora, опремена со сè што е потребно за секојдневно живеење.
Секој волонтер ќе има своја спална соба, со можност во исклучителни периоди собата да се споделува најмногу 4 недели во текот на годината. Заеднички ќе ги користат кујната, дневната соба и бањите.
Волонтерите ќе добиваат месечен износ за храна и самостојно ќе организираат набавка и подготовка на оброците.
За извршување на волонтерските задачи не е потребен превоз, бидејќи Íllora е мала и до потребните места може да се стигне пеш.
Патните трошоци ќе бидат покриени согласно правилата на Европскиот корпус на солидарноста и максималниот износ предвиден за соодветната дистанца.
📚 Обука и поддршка
Не е потребна специфична претходна обука. Искуството со работа со деца и познавањето на шпанскиот јазик се предност, но не се задолжителни.
Во текот на проектот волонтерите ќе добијат:
- практична подготовка за извршување на задачите;
- поддршка во учењето шпански јазик;
- on-arrival обука;
- можност за учество во волонтерскиот циклус на обуки;
- среднорочна евалуација, доколку се применува за учесниците;
- континуирана поддршка од организацијата.
🌱 Кого бараме?
Бараме мотивирани млади луѓе кои имаат иницијатива и:
- сакаат да работат со деца;
- знаат да работат и самостојно и во тим;
- се флексибилни, емпатични и прилагодливи;
- се отворени за нови искуства и предизвици;
- се подготвени да живеат во мала локална заедница, а не во голем град.
Важно е кандидатите да бидат подготвени за живот во помало место и да имаат желба активно да се вклучат во локалната заедница.
📅 Период
2 октомври 2026 – 4 септември 2027
- денови за патување
👥 Број на волонтери: 3
📩 Како да аплицираш?
Ако оваа можност ти звучи интересно АПЛИЦИРАЈ ТУКА