Волонтирај во организација за млади во Грац
Локација: Грац, Австрија Организација-домаќин: InterAktion – Verein für ein interkulturelles Zusammenleben Програма: Европски корпус за солидарност (ESC)
За волонтерската можност
Дали сакаш да работиш со млади, да учествуваш во меѓународни активности и да придонесеш за поинклузивно и одржливо општество? Организацијата InterAktion од Грац, Австрија, нуди можност да станеш дел од нејзиниот тим и да се вклучиш во активности поврзани со младинска работа, човекови права, интеркултурно учење и европска соработка.
InterAktion е непрофитна организација која работи со млади и локални заедници преку работилници, младински размени и обуки. Во фокусот на нејзината работа се инклузијата, одржливоста, човековите права и активното учество на младите.
Што ќе работиш како волонтер?
Како волонтер/ка ќе бидеш дел од малиот тим на организацијата и ќе имаш можност да придонесеш со сопствени идеи, интереси и културно искуство.
Твоите активности ќе вклучуваат:
- Поддршка во организација и реализација на работилници и обуки за млади;
- Учество во организација на младински размени и меѓународни активности;
- Вклучување во активности на теми како инклузија, човекови права, ментално здравје и благосостојба;
- Поддршка при организирање настани и активности за млади со помалку можности;
- Предлагање и реализирање сопствени идеи и креативни активности;
- Развивање и спроведување мал личен проект со поддршка од тимот.
Кој може да аплицира?
Не е потребно претходно искуство! Организацијата бара мотивирана личност која е подготвена да учи, да придонесува и да работи во тим.
Особено се охрабруваат младите кои:
- Имаат интерес за работа со млади;
- Се комуникативни, отворени и креативни;
- Ги интересираат инклузијата, младинското учество и човековите права;
- Сакаат да стекнат нови знаења и вештини;
- Се подготвени да споделуваат идеи и да преземаат иницијатива.
Што е обезбедено?
Во рамките на програмата Европски корпус за солидарност, волонтерите добиваат:
- Сместување: Сопствена соба во студентски дом во Грац, со заедничка кујна и бања;
- Буџет за храна: 330 евра месечно;
- Џепарлак: 210 евра месечно;
- Превоз: Можност за обезбедување Klimaticket за покраината Штаерска и велосипед за локално движење;
- Менторска поддршка: Личен ментор и редовни тимски состаноци во текот на волонтирањето.
Обуки и поддршка
Во текот на волонтерскиот ангажман ќе имаш можност да учествуваш на воведна обука (On-Arrival Training) и среднорочна обука (Mid-Term Training), организирани од Австриската национална агенција.
Дополнително, искусни младински работници и обучувачи ќе ти обезбедуваат континуирана поддршка, насоки и можности за учење и личен развој.
Прочитај повеќе тука