Волонтирај во Србија – придонеси за подобра поддршка на ранливите групи!

Волонтирај во Србија – придонеси за подобра поддршка на ранливите групи!

Локација: Нови Пазар, Србија Организација: Merhamet Sandžak – хуманитарна организација Времетраење: 9 месеци Програма: Европски корпус за солидарност (ESC) Дали те интересираат социјалната работа, хуманитарните активности и поддршката на ранливите групи? Имаш можност да волонтираш во организацијата Merhamet Sandžak во Нови Пазар, Србија, и да придонесеш кон подобрување на животот на поединци и семејства на кои им е потребна поддршка.

Што ќе работиш?

Како асистент/ка во социјалните програми, ќе бидеш вклучен/а во:

  • Поддршка при планирање проекти, подготовка на предлог-проекти и воспоставување партнерства;
  • Организирање и спроведување едукативни активности за млади во ризик и семејства;
  • Контакт со заедницата и идентификување на ранливи групи на кои им е потребна поддршка;
  • Претставување на организацијата на обуки, семинари и работилници;
  • Обезбедување хуманитарна и административна поддршка.

Кој може да аплицира?

Се бара мотивирана, емпатична и проактивна личност со интерес или познавање од областа на социјалната работа, развојот на заедницата, хуманитарната работа или сродни области.

Предност ќе имаат кандидатите со искуство во планирање проекти, подготовка на проектни предлози и работа со заедницата. Важно е да имаш желба за работа со различни групи луѓе, да бидеш отворен/а за нови искуства и подготвен/а да придонесуваш во мултикултурна средина.

Важно: Оваа можност не е наменета за кандидати кои претходно учествувале во ESC/EVS или други волонтерски програми на ЕУ повеќе од 3 месеци.

Што е обезбедено?

  • Покриени трошоци поврзани со волонтерскиот ангажман;
  • Повратен авионски билет;
  • Безбеден стан со сопствена спална соба, кујна и бања, во центарот на градот и во близина на канцеларијата;
  • Месечен надомест од 500 евра за покривање на секојдневните трошоци, вклучително и храна и комуникација.

Обуки и поддршка

Пред заминувањето ќе учествуваш на подготвителна обука, а по пристигнувањето и на обука за запознавање со земјата домаќин. Ќе добиеш и воведување во кодексот на однесување и обука за заштита на деца и ранливи возрасни лица. Организацијата нуди и обука за управување со проектен циклус, како и можности за учество во дополнителни активности за градење капацитети.

Аплицирај тука

Подели членак: