Волонтирај во Србија – промовирај хуманитарни приказни преку медиуми и комуникација!

Волонтирај во Србија – промовирај хуманитарни приказни преку медиуми и комуникација!

Локација: Нови Пазар, Србија Организација: Merhamet Sandžak – хуманитарна организација Времетраење: 9 месеци Програма: Европски корпус за солидарност (ESC) Дали те интересираат комуникациите, медиумите и креирањето дигитални содржини? Имаш можност да волонтираш во хуманитарната организација Merhamet Sandžak во Нови Пазар, Србија, и да придонесеш кон поголема видливост на нејзините активности и хуманитарна мисија. Како волонтер/ка за медиуми и комуникација, ќе учествуваш во креирање содржини, управување со социјалните мрежи и документирање на активностите на организацијата преку фотографии и видеа.

Што ќе работиш?

Твоите активности ќе вклучуваат:

  • Развивање и спроведување комуникациски стратегии;
  • Креирање пораки и избор на соодветни канали за комуникација;
  • Управување со профилите на организацијата на социјалните мрежи;
  • Подготовка и објавување содржини и комуникација со следбениците;
  • Фотографирање и снимање видеа за документирање на активностите и настаните;
  • Следење и анализа на резултатите од кампањите за односи со јавноста;
  • Предлагање подобрувања на комуникациските пристапи и содржини.

Кој може да аплицира?

Оваа можност е наменета за креативни, комуникативни и мотивирани млади со образование или интерес за комуникации, маркетинг, новинарство, медиуми или сродни области.

Предност ќе имаат кандидатите со искуство во:

  • Управување со социјални мрежи;
  • Креирање дигитални и промотивни содржини;
  • Фотографирање и видео-продукција;
  • Раскажување приказни (storytelling) и промоција на општествено корисни активности.

Важно е да си проактивен/на, организиран/а, да имаш креативен пристап и да сакаш да користиш дигитални алатки за промовирање хуманитарни и развојни иницијативи.

Важно: Волонтирањето трае 9 месеци. Оваа можност не е наменета за кандидати кои претходно учествувале во ESC/EVS или други волонтерски програми на ЕУ повеќе од 3 месеци.

Што е обезбедено?

За време на волонтирањето ќе ти бидат обезбедени:

  • Покриени трошоци поврзани со волонтерскиот ангажман;
  • Повратен авионски билет;
  • Безбеден стан со спална соба, кујна и бања, во центарот на градот и во близина на канцеларијата;
  • Месечен надомест од 500 евра за покривање на секојдневните трошоци, вклучително и храна и комуникација.

Обуки и поддршка

Пред заминувањето ќе учествуваш на подготвителна обука, а по пристигнувањето ќе следува обука за запознавање со земјата домаќин.

Ќе добиеш и воведување во кодексот на однесување и обука за заштита на деца и ранливи возрасни лица. Организацијата нуди и обука за управување со проектен циклус, како и можности за учество во дополнителни активности за градење капацитети.

Подели членак: