Волонтирај во Турција – поддржи деца и млади од различни заедници!

Волонтирај во Турција – поддржи деца и млади од различни заедници!

Локација: Шахинбеј, Газиантеп, Турција Организација: Gaziantep Eğitim ve Gençlik Derneği (GEGED) Програма: Европски корпус за солидарност (ESC) Дали сакаш да работиш со деца и млади, да запознаеш различни култури и да придонесеш кон поголема социјална инклузија? Организацијата GEGED нуди можност за тимско волонтирање во Газиантеп, Турција, преку вклучување во младински, образовни и социјални активности. GEGED е младинска невладина организација која создава можности за неформално учење и интеграција на деца, тинејџери и млади од семејства во социјален ризик, како и на бегалци и баратели на азил. Организацијата соработува со социјални, младински и локални центри и реализира активности за поддршка на сириската, авганистанската и турската заедница.

Што ќе работиш?

Како волонтер/ка, ќе бидеш вклучен/а во:

  • Организирање и спроведување едукативни активности за деца и млади;
  • Поддршка на активности за социјална инклузија и интеграција;
  • Реализација на неформални едукативни сесии и интерактивни игри;
  • Организирање креативни и уметнички активности;
  • Учество во младински средби и настани;
  • Поддршка на активности во сиропиталишта;
  • Соработка со локални младински, социјални и општински центри.

Кој може да аплицира?

Оваа можност е наменета за мотивирани млади кои сакаат да работат во мултикултурна средина и да придонесуваат кон образовниот и социјалниот развој на децата и младите.

Не е потребно претходно професионално искуство во наставата или младинската работа. Најважни се волонтерскиот дух, отвореноста, желбата за тимска работа и подготвеноста за учење и споделување искуства.

Што е обезбедено?

Волонтерите ќе бидат сместени во традиционална куќа во која се наоѓа и организацијата. Просторот располага со:

  • Опремени спални соби;
  • Заедничка кујна и градина;
  • Простории за работа и дружење;
  • Греење, Wi-Fi и можност за перење облека.

За храната волонтерите добиваат паричен надомест и заеднички ја организираат набавката и подготовката на оброците. Повеќето активности се на пешачко растојание, а за подалечни локации организацијата обезбедува минибус или јавен превоз.

Обуки и поддршка

Во текот на волонтирањето ќе учествуваш во неформални обуки кои ќе ти помогнат да ги развиеш вештините за работа со различни целни групи. Ќе имаш можност да научиш и применуваш техники како icebreakers, energisers и активности за градење тим.

Дополнително, локалниот тим и волонтерите ќе организираат часови по турски јазик, со цел полесно да комуницираш и да се поврзеш со локалната заедница.

АПЛИЦИРАЈ

Подели членак: