Волонтирај во Уганда – придонеси кон подобро образование и развој на наставниците!

Волонтирај во Уганда – придонеси кон подобро образование и развој на наставниците!

Локација: Кампала, Уганда Организација: Uganda Pioneers Association Програма: Европски корпус за солидарност (ESC) Дали те интересира образованието, работата со деца и млади и примената на современи наставни методи? Имаш можност да волонтираш во организацијата Uganda Pioneers Association во Кампала, Уганда, и да придонесеш кон подобрување на квалитетот на образованието во локалните училишта. Како волонтер/ка, ќе поддржуваш примена на современи методи насочени кон учениците, ќе работиш со наставници и ученици и ќе придонесуваш кон создавање поинклузивна и поттикнувачка образовна средина.

Што ќе работиш?

Твоите активности ќе вклучуваат:

  • Поддршка во училницата и директна работа со учениците;
  • Помош при планирање и спроведување воннаставни активности за личен и социјален развој на учениците;
  • Поддршка на наставниците преку обуки и активности за професионален развој;
  • Помош при реализација на часови за компјутерска и дигитална писменост;
  • Примена на различни методи за подобрување на училишните постигнувања на учениците;
  • Учество во активности за зголемување на уписот на ученици и промоција на образовните програми;
  • Вклучување на родителите и старателите во образовниот процес.

Кој може да аплицира?

Се бара мотивирана и посветена личност со образование или изразен интерес за образованието, наставата, педагогијата или сродни области.

Предност ќе имаат кандидатите со искуство во поддршка на наставата, обука на наставници или развој на наставни програми. Важно е да имаш интерес за современи пристапи во учењето, да сакаш да работиш со ученици и наставници и да бидеш отворен/а за работа во мултикултурна средина.

Важно: Оваа можност не е наменета за кандидати кои претходно учествувале во ESC/EVS или други волонтерски програми на ЕУ повеќе од 5 месеци.

Што е обезбедено?

За време на волонтирањето ќе ти бидат обезбедени:

  • Сместување во заеднички стан со други волонтери, со посебна соба што може да се заклучува;
  • Месечен надомест за покривање на трошоците за храна, комуникација и превоз;
  • Поддршка за секојдневно патување до местото на реализација на активностите.

Сместувањето ќе биде во предградијата на Кампала, во областите Нансана или Касуби-Накулаби.

Обуки и поддршка

Пред заминувањето ќе учествуваш на онлајн подготвителна обука, а по пристигнувањето ќе следува интензивна обука за запознавање со организацијата и волонтерската улога.

Дополнително, ќе добиеш финансиска поддршка и поттик за изучување на локалниот јазик, што ќе ти помогне полесно да се поврзеш со локалната заедница.

Аплицирај тука

Подели членак: