Youth Rock, Let’s Roll – Повик за младински работници за учество во инклузивни зелени иницијативи

Работа
Youth Rock, Let’s Roll – Повик за младински работници за учество во инклузивни зелени иницијативи

Центарот за младински активизам КРИК објавува повик за младински работници и работнички да се приклучат на проектот Youth Rock, Let’s Roll, насочен кон зајакнување на младинското учество, инклузијата и зеленото застапување.

👥 Кој може да се пријави?

Повикот е наменет за:

📍 Пријавувањето е отворено за лица од Скопје, Вардарскиот и Источниот регион.

📝 Како да аплицирате?

За учество во проектот, потребно е да ја пополните онлајн апликацијата на следниот линк:
👉 https://forms.gle/BQV5F1h6cDEPWGay9

📅 Рокот за пријавување е 06 април.
Избраните кандидати ќе бидат дополнително контактирани од страна на ЦМА КРИК.

📚 Обука

Селектираните учесници ќе имаат можност да учествуваат на обука која ќе се одржи:

📍 Осоговски конак, Пониква
📅 15 – 17 април

Оваа обука ќе им овозможи на учесниците да стекнат практични знаења и вештини за зелено застапување, инклузивно учество и ефективна комуникација со институциите.

🌍 Доколку сакаш да бидеш дел од позитивни промени во твојата заедница и да придонесеш кон поинклузивна и поодржлива иднина – ова е твојата можност!

Подели членак: