Заменик раководител во КАМ Маркет – Виница

Работа
Заменик раководител во КАМ Маркет – Виница

КАМ Маркет отворено е за нови членови на својот тим и објавува можност за вработување на позицијата Заменик раководител на маркет во Виница, со претходно искуство во малопродажба. Ако имате искуство во раководење со тим, познавање на процесите во малопродажба и развиени организациски и лидерски вештини, ова може да биде следниот чекор во вашата кариера.

Што нуди КАМ?

  • Гарантирана почетна нето плата од 34.000 денари, со можност за заработка до 44.000 денари по успешно сертифицирање и зголемена продуктивност;
  • Личен и професионален развој;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Регрес, годишни бонуси и колективно осигурување;
  • Платен превоз за оддалеченост над 5 км;
  • Бонус за препорачан пријател за работа;
  • Слободен ден за роденден, јубилеј и други поводи;
  • Ваучери и дополнителни бенефиции.

Кој може да се пријави?

Предност ќе имаат кандидатите кои поседуваат:

  • минимум 2 години искуство во раководење со тим, со познавање на процесите во малопродажба и работа на каса;
  • добри организациски и лидерски вештини;
  • способност за организирање на работниот процес и ефикасна распределба на работните задачи;
  • желба за професионален развој и напредување кон раководна позиција.

Аплицирајте веднаш и бидете дел од #КАМТим!

Подели членак: