Заменик раководител

Работа
Заменик раководител

КАМ Маркет објавува можност за вработување на позицијата Заменик раководител во маркет во Валандово. Ако имаш искуство во раководење со тим, организациски и лидерски способности и сакаш да бидеш дел од успешен и динамичен тим, оваа можност е за тебе!

💼 Работно место

Заменик раководител – Валандово
Со претходно искуство во малопродажба

💰 Почетна нето плата

Од 34.000 до 44.000 денари

Платата зависи од времето на обука, успешно сертифицирање и остварената продуктивност.

🎁 Бенефиции

  • Личен и професионален развој
  • Пријатна работна атмосфера
  • Регрес за годишен одмор
  • Колективно осигурување
  • Платен превоз за оддалеченост над 5 км
  • Бонус за препорачан работник
  • Слободен ден за роденден
  • Слободен ден за жалост
  • Слободен ден за јубилеј
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за спортска опрема
  • Неограничен ваучер
  • Картичка за спорт
  • Пакет за новороденче
  • Училиштен пакет производи
  • Пакет производи за верски празници
  • Попусти за одмор во хотел Village (Охрид)
  • Подарок за Денот на жената
  • Новогодишни пакетчиња за деца до 10 години

👤 Кој може да се пријави?

Предност ќе имаат кандидатите кои поседуваат:

  • Минимум 2 години искуство во раководење со тим, со познавање на процесите во малопродажба и работа на каса;
  • Добри организациски и лидерски вештини;
  • Способност за организирање на работниот процес и ефикасно распределување на работните задачи.

Доколку немаш раководно искуство, не се откажувај! Кандидатите без претходно раководно искуство имаат можност да се развиваат преку обезбедена обука и да напредуваат до раководна позиција.

Аплицирај

Подели членак: