06 – Колкав е твојот VIP фактор? (Врски, инфо, познанства!)

Во оваа епизода од STARedu серијалот откриваме зошто врските, информациите и познанствата (VIP) се клучни за твојот успех – особено на Балканот! Научи како да изградиш мрежа на контакти, да ги искористиш можностите што ти ги носи networking-от, и како да бидеш видлив/а и препознаен/а. Преку вистинската приказна на еден млад лидер од Сараево, дознај како и ти можеш да дојдеш до стипендија, работа или кариерен скок – без „штела“, туку со вистински чекори и стратегии.

Дополнителни ресурси

На STARmapa (линк) се наоѓа база на податоци каде што можете да одберете земја од Западен Балкан и некоја од тематските категории, каде има повеќе од 1.000 корисни контакти и ресурси.

Инструктор на курсот

РЕАЛИЗАТОР НА КУРСОТ: STAR edu курсот е создаден врз основа на 15+ години пракса на MUNJA Инкубаторот во областа на креирање едукативни програми за зајакнување на младите на пазарот на труд, како и учество во разни релевантни истражувања. Изработката на курсот е поддржана преку партнерство со Фондациите за отворено општество – Западен Балкан и е прилагоден на јазиците во регионот.

Инспирацијата за курсот доаѓа преку одредени едукативни програми на кои работеше MUNJA, меѓу кои се проектите: „Активни млади – Клучни животни компетенции“ со UNICEF (2010–2014), JOBLAB со Telemach Фондацијата (2019 – …), Обуки за заводи за вработување во рамки на швајцарскиот YEP проект (2011–2015), Подобра иднина со Helvetas (2018–2019) и др.

Продукција: MUNJA Инкубатор за STAR платформата (7.2025.)

Видеото може да се користи за едукативни цели со наведување на авторот и STAR платформата.