14 – Кои се техниките за пребарување работа?
Заврши школа или факултет и се прашуваш каде да најдеш работа? Во оваа епизода од STAR edu курсот ти претставуваме осум проверени техники што можат да ти помогнат да се вработиш – од бироа и заводи за вработување, онлајн портали и агенции за сезонски работи, па сè до саеми за кариера, бизнис мрежи, директен контакт со фирми, фриленсинг и започнување сопствен бизнис. Со практични примери и корисни линкови, ќе видиш каде и како можеш да започнеш со пребарувањето работа и да си отвориш нови врати на пазарот на труд.
Дополнителни ресурси
На STARmapa (линк) се наоѓа база на податоци каде што можете да одберете земја од Западен Балкан и некоја од тематските категории, каде има повеќе од 1.000 корисни контакти и ресурси.
Инструктор на курсот
РЕАЛИЗАТОР НА КУРСОТ: STAR edu курсот е создаден врз основа на повеќе од 15 години пракса на MUNJA Инкубаторот во областа на креирање едукативни програми за зајакнување на младите на пазарот на труд, како и учество во разни релевантни истражувања. Изработката на курсот е поддржана преку партнерство со Фондациите за отворено општество – Западен Балкан и е прилагодена на јазиците на регионот.
Инспирацијата за курсот доаѓа од одредени едукативни програми на кои работеше MUNJA, меѓу кои се проектите: „Активни млади – Клучни животни компетенции“ со UNICEF (2010–2014), JOBLAB со Telemach Фондацијата (2019 – …), Обуки за заводи за вработување во рамки на швајцарскиот YEP проект (2011–2015), Подобра иднина со Helvetas (2018–2019) и други.
Продукција: MUNJA Инкубатор за STAR платформата (7.2025.)
Видеото може да се користи за едукативни цели со наведување на авторот и STAR платформата.