B4GenZ
Врз основа на консултациите спроведени преку STARforumите низ Западен Балкан во текот на 2025 година, беше препознаен еден од клучните предизвици во областа на вработување на младите: бизнис заедницата, компаниите и работодавачите сè уште не се доволно вклучени во креирањето мерки и политики кои директно влијаат на младите на пазарот на труд. Тоа претставува значителен недостаток, имајќи предвид дека токму работодавачите носат најголем дел од економската активност, вработуваат најголем број луѓе и поседуваат драгоцено практично знаење, експертиза и општествен капитал кои можат да бидат клучни за креирање поквалитетни и одржливи решенија.
Поради тоа, STAR платформата во декември 2025 година ја покрена иницијативата Бизниси за Генерација Z (B4GenZ), со цел да ги обедини водечките бизнис мрежи, комори и асоцијации на работодавачи во регионот и да отвори простор за нивно поактивно, структурирано и долгорочно вклучување во развојот на мерки за полесно, поквалитетно и одржливо вработување на младите во Западен Балкан.
Јадрото на оваа иницијатива е STARforum како централни средби на актерите во екосистемот, кои овозможуваат меѓусекторски дијалог и заедничко креирање решенија. Преку партиципативен и design thinking пристап, STARforum создаваат простор различните актери заеднички да ги идентификуваат предизвиците, да обликуваат конкретни предлози за мерки за вработување на младите, а во следните фази и да ја следат нивната имплементација и реалните ефекти.
Како подготовка за развој на B4GenZ платформата, STAR во соработка со локалните партнери организира STAR бизнис појадоци во главните градови на Западен Балкан во текот на пролетта 2026 година. Овие први средби со претставниците на бизнис заедницата имаат за цел воспоставување директен дијалог, препознавање заеднички приоритети и собирање конкретни практични инпути, со цел во текот на јуни, преку STARforum, да се обликуваат и претстават релевантни и применливи мерки за поддршка на вработување на младите.
Локални STAR партнери за B4GenZ:
· Belgrade Open School (BOŠ), Србија
· Young Professional Network (YPN), Albania
· National Youth Council N. Macedonia (NMSM), N. Macedonia
· Organization for Increasing Quality of Education (ORCA), Kosovo
· Social Innovation Incubator MUNJA, Bosnia-Herzegovina as coordinator of STAR