11. издание на интернационалниот филмски фестивал Winter Apricots

Инфо
11. издание на интернационалниот филмски фестивал Winter Apricots

Screendance, селекција на танцови филмови курирана од колективот Augenblick, повторно ја отвора филмската програма на Winter Apricots во четврток, на 10 декември 🍑

Годинава се одбележуваат 11 години од оваа драгоцена соработка која постојано се обновува и негува, правејќи нѐ горди дека нашиот фестивал е единствениот во земјата што организира проекции на филмови од овој жанр.
Ова е ретка можност за публиката да открие една уникатна филмска форма која, и покрај својата богата историја, продолжува да наоѓа нов израз и сè поголемо признание преку современите експерименти.
Повеќе за овогодинешното издание на Winter Apricots следете на нивната веб страна
Подели членак: