30.000 садници чекаат на сите нас!

Инфо
30.000 садници чекаат на сите нас!

Компанијата dm drogerie markt и оваа година ги повикува граѓаните да ги здружат силите и да станат дел од традиционалната акција за масовно пошумување во рамки на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“. На 22 ноември 2026 година, во селото Немањици, Свети Николе, ќе се одржи нова акција за пошумување, со која проектот ќе ја достигне бројката од 180.000 засадени дрвја низ земјата од неговиот почеток.

Проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ започна во 2022 година во скопско Миладиновци, а во изминатите години акциите за пошумување продолжија во близина на опсерваторијата Кокино, кај езерото Младост во Велес и во селото Калапетровци, во околината на Штип.

Покрај масовните акции за пошумување, во рамки на проектот се реализираше и садење дрвја во градинки и училишта низ државата, со што иницијативата доби дополнителна димензија во создавањето позелена средина за најмладите. Проектот се реализира заедно со партнерите

Македонско еколошко друштво (МЕД) и ЈП „Национални шуми“, со заеднички ангажман на вработените во dm и волонтерите кои од година во година се приклучуваат на акциите. Со претстојното пошумување во Свети Николе, оваа иницијатива продолжува да се шири на нови локации, обединувајќи ги сите што сакаат да дадат конкретен придонес за позелено утре.

Петта година по ред, проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ продолжува да ги поврзува луѓето околу иста цел – создавање позелена и поздрава животна средина.

Затоа, dm ги повикува сите заинтересирани граѓани да се приклучат на петтото издание на масовното пошумување и заедно да придонесат за остварување на годинашната цел. Без разлика дали ќе дојдете сами, со пријателите или со семејството, ова е можност да бидете дел од иницијатива што остава траен позитивен придонес за животната средина.

Погледнете го повикот на линкот

Подели членак: