Амбицијата за вклучување на Преспа во листата на светско наследство на УНЕСКО
ПреспаНет“ бара иницијативата за УНЕСКО да се заснова врз Договорот за „Паркот Преспа“ од 2010 година, а соработката и активностите за зачувување на Преспа да започнат веднаш.
По минатонеделната средба на министрите за култура на Албанија, Грција и Република Северна Македонија во Преспа, Грција, прекуграничната мрежа „ПреспаНет“ ја поздравува иницијативата за разгледување на можноста за заедничка номинација на прекуграничниот регион Преспа како мешано природно и културно наследство на УНЕСКО. Ова отвора голема можност одново да се сврти меѓународното внимание кон заедничкиот предел кој има исклучителна биолошка разновидност, културно наследство и живи традиции и да се зајакне соработката за неговата иднина.
Признавањето на Преспа како дел од светското наследство би можело да има значајни придобивки за регионот и тамошното население. Ова би можело да го подобри неговиот меѓународен углед, да ја зајакне јавната и политичката поддршка за зачувување на езерата, дивиот свет, спомениците и културните предели, како и да помогне во обезбедувањето на експертиза, партнерства и ресурси за негова заштита. Заедничката номинација би можела да поттикне заеднички пристап во истражувањето, следењето и управувањето на прекугранично ниво, а меѓународното известување и надзорот би можеле да ја зајакнат одговорноста за заштита на вредностите на ова подрачје.
Целиот текст е тука