Германија ќе им уплаќа пари на децата уште од шестгодишна возраст

Инфо
Германија ќе им уплаќа пари на децата уште од шестгодишна возраст

Германија планира од 2027 година да им уплаќа по 10 евра месечно на децата на возраст од шест до 18 години, како дел од нова програма за рано пензиско штедење. Иако државата во текот на 12 години би уплатила вкупно 1.440 евра, пресметките покажуваат дека до пензионирањето оваа сума би можела да порасне на повеќе од 50.000 евра.

Колку ќе ја чини Германија оваа програма?

Германската федерална влада проценува дека трошоците за државните уплати во 2027 година ќе изнесуваат 198 милиони евра.

Бидејќи секоја година во програмата ќе се вклучува нова генерација деца, се очекува овие трошоци до 2030 година да пораснат на 411 милиони евра годишно.

На оваа сума треба да се додадат и административните трошоци.

Според пресметките на Буџетската комисија на Бундестагот, спроведувањето на програмата во периодот од 2027 до 2030 година би требало да ја чини германската држава приближно 1,2 милијарди евра.

Со оваа мерка Германија сака да го поттикне долгорочното штедење уште од детството и да им овозможи на идните генерации да создадат дополнителна финансиска сигурност за пензионерските денови.

Објавата е на следниот линк

Подели членак: