Избери наука! Анастасија Нечоска: Од љубопитност до технологии што го менуваат секојдневието

Избери наука! Анастасија Нечоска: Од љубопитност до технологии што го менуваат секојдневието

Во пресрет на Европската ноќ на истражувачите во рамки на проектот „Гринстарс: ИЗБЕРИ НАУКА! ГРАДЕЊЕ НА ОПШТЕСТВОТО ПРЕКУ НАУКА И ИНОВАЦИИ“, финансирана од Европската Унија, која годинава ќе се одржи на 25 септември 2026 година и седмиците пред и потоа, продолжуваме со циклусот посветен на младите истражувачи и нивните научни приказни.

Преку овој циклус, науката ја приближуваме до јавноста преку личности кои секојдневно ја истражуваат, ја создаваат и ја претвораат во решенија за реалните предизвици - во земјава и во странство! Настанот, кој во Македонија ќе се одржи во Скопје, Штип и Битола, има токму таква цел – да покаже дека науката не е нешто далечно и недостапно, туку простор за љубопитност, создавање, иновации и професионална иднина.
Во оваа приказна за науката зборуваме со млада истражувачка и инженерка Анастасија Нечоска чиј пат започнува со информатиката и технологиите на податоци, а денес опфаќа области како вештачка интелигенција, Deep Learning, сајбер-безбедност и анализа на податоци. Нејзиното искуство од студирањето и истражувањето во Словенија, но и учеството на хакатони и развојот на проекти со практична примена, покажуваат како знаењето може да излезе од академската средина и да се претвори во конкретни решенија. Од EcoFlow, кој ги поврзува сателитските и еколошките податоци со идејата за поздрава рута низ градот, преку LocalLoop, кој ги поврзува локалните производители со купувачите, до Slovingo и примената на вештачката интелигенција во учењето јазик – нејзината работа ја отвора и пошироката тема на тоа како младите можат преку науката и технологијата да одговорат на проблемите што ги гледаат околу себе.

Во разговорот во рамките на циклусот - Избери наука, таа зборува за тоа што значи да се избере науката, што ја привлече кон информатиката, како истражувањето може да придонесе за создавање побезбедни и поквалитетни технологии, но и што им е потребно на младите во Македонија нивните идеи се само почеток. 

УКЛО КОЛОРС: Што за тебе значи да ја „избереш науката“?

Анастасија: За мене, да ја избереш науката значи да одлучиш дека нема само да го прифаќаш светот таков каков што е, туку ќе се обидеш да разбереш како функционира и како можеш да го направиш подобар. Науката бара љубопитност, дисциплина, но и храброст – храброст да поставуваш прашања, да погрешиш и повторно да се обидеш. Токму затоа настани како „Ноќта на истражувачите“ се важни: им покажуваат на младите дека науката не е недостижна, туку простор во кој и тие можат да создаваат, да истражуваат и да оставаат свој белег.
Целиот текст тука
Подели членак: