Избери наука- љубопитноста ја води битолчанката Ивана Боцевска кон глобална научна кариера
Во пресрет на Европската ноќ на истражувачите – Гринстарс „ИЗБЕРИ НАУКА! ГРАДЕЊЕ НА ОПШТЕСТВОТО ПРЕКУ НАУКА И ИНОВАЦИИ“, финансиран од Европската Унија, која годинава ќе се одржи на 25 септември 2026 г. науката ќе излезе од лабораториите и амфитеатрите и ќе им се доближи на граѓаните, особено на младите. Настанот во Македонија, покрај во Скопје и Штип ќе се одвива и во Битола со цел - низ непосредни средби со истражувачи, презентации, работилници и различни интерактивни активности да се покаже дека науката не е далечна и недостапна, туку е дел од секојдневниот живот и можност за професионална иднина.
Меѓу личните приказни што најдобро ја потврдуваат оваа порака е Ивана Боцевска од Битола. Уште како средношколка, преку олимпијадите по компјутерски науки, го открила светот на истражувањето и решавањето комплексни проблеми. Денес дипломирала и магистрирала на Техничкиот универзитет во Виена со просек 10. добитник е на престижните награди за извонредност на „Siemens“ и стипендијата „Helmut Veith“, денес докторанд и истражувач во Виена.
Нејзиниот истражувачки пат ја однел и до Токио, а зад себе има учества на меѓународни конференции, научни трудови, работилници за деца и млади, како и менторска и организаторска работа во хакатони за девојки.