Отворен повик: КРИКНИ – Центарот за окупациона терапија отвора повик за нови корисници!

Инфо
Отворен повик: КРИКНИ – Центарот за окупациона терапија отвора повик за нови корисници!

Доколку: ✅ Си лице со попреченост на возраст од 18 до 45 години и живееш на територијата на Град Скопје или ✅ Си родител/старател на лице со попреченост ➡️ Овој повик е токму за ТЕБЕ! Во рамки на проектот „Инклузивно Скопје – поддршка за самостоен живот на лицата со попреченост“, Центарот за младински активизам ЦМА КРИК отвора повик за вклучување на нови корисници во Центарот за окупациона терапија „Крикни“. Повеќе за проектот на следниот линк.

📣 КРИКНИ – Центарот за окупациона терапија отвора повик за нови корисници!

Доколку:

✅ Си лице со попреченост на возраст од 18 до 45 години и живееш на територијата на Град Скопје

или

✅ Си родител/старател на лице со попреченост

➡️ Овој повик е токму за ТЕБЕ!

Во рамки на проектот „Инклузивно Скопје – поддршка за самостоен живот на лицата со попреченост“, Центарот за младински активизам ЦМА КРИК отвора повик за вклучување на нови корисници во Центарот за окупациона терапија „Крикни“.

Повеќе за проектот на следниот линк.

Што нудиме?

🙌 Поддржувачка и инклузивна средина

👥 Индивидуални и групни сесии по окупациона терапија

🎨 Арт и креативни работилници

🧩 Активности за развој на животни, комуникациски и социјални вештини

🌱 Хортикултурни и практични активности

🤝 Инклузивни активности во заедницата

🧠 Психолошка поддршка и советување за семејствата

Сите активности се прилагодуваат на индивидуалните потреби и интереси на корисниците, со цел да се поттикне нивната самостојност, независност и активно учество во заедницата.

 Учеството е целосно бесплатно!

Кога се одржуваат активностите?

📅 Понеделник, среда и петок

⏰ Од 10:00 до 13:00 часот

Каде?

📍 Центар за окупациона терапија „Крикни“, месна заедница Црниче, Општина Кисела Вода, Скопје.

ℹ️ Напомена: Корисниците самостојно го организираат превозот до Центарот.

Пријави се тука 👇

🔗 [ЛИНК ДО ФОРМАТА]

Проектот „Инклузивно Скопје – поддршка за самостоен живот на лицата со попреченост“ го реализира Центарот за младински активизам ЦМА КРИК, со финансиска поддршка од Град Скопје преку Јавниот повик за финансирање на социјални услуги. Просторот на Центарот за окупациона терапија „Крикни“ е обезбеден од Општина Кисела Вода.

Целиот повик тука

Подели членак: