Повик за волонтери во Бугарија!

Повик за волонтери во Бугарија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „BrightLands“ во Бугарија. Место: Мраченик, Бугарија Почеток: од ноември 2026 година или подоцна (12 месеци) За проектот: Проектот е фокусиран на работа во рурална средина, која вклучува физички и практични активности, рачно уредување на просторот и помагање во локалната заедница. Другите активности во рамките на проектот вклучуваат работа на лаптоп, како што се управување со социјални мрежи, креирање содржини или промовирање на ЕСК и на „Еразмус+“. Волонтерот, исто така, ќе учествува и ќе помага во летните активности организирани од организацијата-домаќин.

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

How to apply?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: [email protected]

Краен рок за аплицирање: 28.10.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.

Повикот е на следниот линк

Подели членак: