Повик за волонтери во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов “Binario Solidale” во Италија. Место: Калвизано (Бреша), Италија Датум: јануари 2027 – декември 2027 За проектот: „Бинарио Солидале“ (Binario Solidale) промовира социјална инклузија, одржливост и активно ангажирање во заедницата, во рурален контекст, со силен фокус на образовни и креативни активности за деца и млади. Волонтерите ќе поддржуваат активности во училишта, игри на отворено, креативни работилници и неформално учење, во рамките на организацијата и во локалните училишта. Тие исто така ќе придонесат во организирање на меѓукултурни иницијативи (како што се работилници, вечери на игри, вечери на филмови и собири во заедницата) и ќе поддржат комуникациски активности, вклучувајќи ги социјалните медиуми, видео монтажа и промотивни материјали.

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: [email protected]

Краен рок за аплицирање: 31.10.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.

Погледнете го повикот на следниот линк

Подели членак: