Секоја деветта птица-преселница во светот е во ризик од исчезнување

Секоја деветта птица-преселница во светот е во ризик од исчезнување

Меѓународната партнерска мрежа за заштита на птиците „Брдлајф Интернешенал“ (BirdLife International) го објави новиот извештај „Состојбата на птиците во светот“ на Глобалниот самит за преселни патишта што се одржа во Најроби, Кенија. Партнерите во оваа Мрежа, кои вклучуваат невладини организации, владини тела и финансиски институции, ја потпишаа Најробиската декларација за преселните патишта, а иницијативите на развојните банки што ги опфаќаат Африка, Азија, Европа и Америка преминуваат во фаза на реализација.

Меѓународната партнерска мрежа за заштита на птиците „Брдлајф Интернешенал“ (BirdLife International), чиј партнер е и Македонското еколошко друштво, го претстави извештајот „Состојбата со птиците во светот“ на Глобалниот самит за преселните патишта што се одржа во Најроби, Кенија, од 7 до 11 септември, во коорганизација на самата Мрежа и „Природа Кенија“ (Nature Kenya). Извештајот се објавува на секои четири години, а ова е првото издание посветено на преселните птици и преселните патишта од кои тие зависат.

За време на Самитот, бројни клучни чинители, меѓу кои и владини тела, научници, невладини организации, организации за заштита на природата и финансиски институции, ја потпишаа Најробиската декларација за преселните патишта, со која се обврзуваат да ги засилат напорите и соработката за заштита на преселните птици и нивните живеалишта независно од државните граници. Во исто време, од 2021 година наваму, развојните банки мобилизираа над 6 милијарди долари за финансирање на заштитата. Заедно, овие чекори претставуваат значаен исчекор кон координиран глобален одговор за зачувување на преселните патишта.

Целиот текст тука

Подели членак: