Светскиот ден на езерата одбележан во Ресен

Инфо
Светскиот ден на езерата одбележан во Ресен

Културата на еден регион е нераскинливо поврзана со природната средина во која се развивал. Таков е и случајот со Преспа – простор каде природата, традицијата и културата со векови се испреплетуваат и создаваат единствен идентитет.

Во предвечерјето на Светскиот ден на езерата, кој се одбележува на 27 август, во Ресен се одржа јавната манифестација „Мојот дел од природата“, организирана од Македонското еколошко друштво (МЕД), Општина Ресен и Националниот парк „Галичица“ во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа – Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија (ЕУ) и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ). Замислен како точка на поврзување меѓу институциите, организациите, локалната заедница и сите оние кои се грижат за иднината на Преспа, настанот покажа дека кога ќе се поврзат луѓето, знаењето, природата и културата – Преспа има што да каже пред светот.

Манифестацијата започна со воведни обраќања на градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, и извршната директорка на Македонското еколошко друштво, Робертина Брајаноска, кои ја истакнаа важноста на заедничкото дејствување за зачувување на природното наследство и создавање услови за одржлив развој на регионот.

Во рамки на настанот беше потпишана и Декларацијата за основање на Прекугранична работна група за шуми, чија цел е создавање заедничка платформа за дијалог, размена на знаења и информации и координирање активности поврзани со зачувувањето, обновувањето и следењето на шумите во поширокиот преспански регион.

Декларацијата првично ја потпишаа Националниот парк „Галичица“, Македонското еколошко друштво, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA). Со потпишувањето, партнерите ја потврдија својата заложба за зајакнување на регионалната соработка во заштитата, обновувањето и одржливото управување со шумите.

Следуваше панел-дискусијата „Зачувување и одржливо управување со природното наследство на Преспа“, на која се разговараше за состојбите, предизвиците и можностите за заштита на природното богатство и одржливото управување со природните ресурси на регионот. На панелот учествуваа Ајман Ал Малла, раководител на Секторот за животна средина при Општина Ресен; Андон Бојаџи, раководител на Одделението за заштита на природата при ЈУ Национален парк „Галичица“; Драган Арсовски, раководител на Програмата за знаење и наука при Македонското еколошко друштво; и Маријана Милевска, проектна менаџерка во Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за проектот „ЕУ за Преспа“.

Целиот текст тука

Подели членак: