VOICES UNMUTED | БЕРОВО Жива библиотека, коктел и вмрежување
Центарот за младински активизам КРИК, во партнерство со Центарот за социјална работа Берово, ве поканува да бидете дел од следниот настан во рамки на иницијативата „Voices Unmuted“, која се реализира како дел од регионалниот проект CORDIAL – Creating Opportunities Regionally for Disability Inclusion Action and Legislation. Кога? 📅 19 август 2026 Каде? 📍 Хотел Манастир, Берово Колку часот? 🕥 Почеток регистрација: 10:30 часот
„Voices Unmuted“ има за цел да придонесе кон намалување на стигмата и предрасудите поврзани со попреченоста и менталното здравје, преку создавање простор за директен дијалог, споделување лични искуства и подобро меѓусебно разбирање.
Централен дел од настанот ќе биде Живата библиотека – интерактивен формат во кој наместо книги, „читаме“ луѓе и нивните животни приказни. Учесниците ќе имаат можност директно да разговараат со луѓе со различни животни искуства и перспективи, да поставуваат прашања и преку непосреден контакт да ги преиспитаат стереотипите и предрасудите кои сè уште постојат во нашите заедници.
Дел од „живите книги“ ќе бидат корисници и вработени од социјалната услуга „Живеење со 24-часовна поддршка“ која ја обезбедува Центарот за младински активизам КРИК. Преку нивните лични и професионални искуства, учесниците ќе имаат можност одблизу да се запознаат со секојдневниот живот на лицата со попреченост, значењето на поддршката за самостојно и достоинствено живеење, како и со улогата на професионалците кои секојдневно работат за создавање инклузивна и поддржувачка средина.
Живата библиотека ќе овозможи различните перспективи да се сретнат на едно место - лицата со попреченост, професионалците, институциите, граѓанските организации и локалната заедница - со цел преку отворен разговор да се поттикнат поголемо разбирање, прифаќање и рушење на постојните предрасуди.
По Живата библиотека, настанот ќе продолжи со коктел и вмрежување, создавајќи простор за неформален разговор, нови контакти и можности за понатамошна соработка меѓу учесниците, институциите и организациите од локалната заедница.
Повеќе прочитај тука