БЕСПЛАТНА 10-ДНЕВНА ОБУКА ЗА „Филигран & Рубин“
Во рамките на проектот „ВЕШТИНИ–Клучот на зелената економија„ поддржан од Амбасадата на Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Словенија, МРК Дијалог / Центар за истражување на природата и културата NATURE EXPEDITION, организираат БЕСПЛАТНА 10-ДНЕВНА ОБУКА ЗА 🌿🍀🌺 „Филигран & Рубин“
🔔 ПОВИК ЗА МЛАДИ (18–30)
Дали креативноста е твоја силна страна?
Сонуваш за сопствен бренд или стартап или соработка со врвни мајстори?
Ова е твојата можност да ги научиш тајните на филигранот и јувелирството и да ги преточиш во одржлив бизнис!
Што ќе добиеш:
- Менторство од експерти: Практична обука за изработка на филигран и работа со јувелирски камења (македонски рубин)
- Networking: Директна соработка со успешни претприемачи и социјализација на истомисленици
- Промоција: Можност за изложување на твоите ракотворби на локални и меѓународни базари
- Опуштени креативнци, кои имаат трпение и фокус да создадат нови филигрански приказни.
- Ги охрабруваме да аплицираат сите млади луѓе (18-30 години) , кои се вљубени во уметноста, природата и геологијата.
- Посебен поттик даваме на кандидати кои се соочуваат со социјални предизвици и невработеност, а имаат силна желба за економско зајакнување и самостојност.
Локација: Прилеп
Времетраење: 10 дена (Март 2026)
Обуката е целоснo бесплатна.
КРАЕН РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ : 15 МАРТ 2026
Како да се пријавиш?
Испрати го твоето кратко CV (биографија) на [email protected] / [email protected]
Целиот повик е тука.